Десетте најуспешни жени-менаџери

Bez autora
Apr 08 2012

Во организација на агенцијата „Марили“ завчера вечерта во Скопје беа прогласени десетте најуспешни жени-менаџери за 2011 година. Сите успешни во својот бизнис, од производството, аграрот, металопреработувачката индустрија, образованието, маркетингот и комуникациите. Меѓу десетте се Тања Атанасова, од „Вивакс“, Милица Глигорова од „Алкалоид“, Марта Наумовска-Грнарова од „Завар компани“, Елена Младеновска-Јеленовиќ од ТТК банка, Света Богова-Јовановска од модната агенција „Подиум“, Снежана Јовановска од „БОИкулт“, Елита З.Маша од „Инфинитс МГ и Вилсон Скул“, Ана Мијакова-Мурџева, директор на свињарска фарма „Агриа“, Љупка Наумовска од „Ханибиз“ - Скопје и Ана Линдвал-Олсон.

Десетте најуспешни жени-менаџериВо организација на агенцијата „Марили“ завчера вечерта во Скопје беа прогласени десетте најуспешни жени-менаџери за 2011 година.

Сите успешни во својот бизнис, од производството, аграрот, металопреработувачката индустрија, образованието, маркетингот и комуникациите.

Меѓу десетте се Тања Атанасова, од „Вивакс“, Милица Глигорова од „Алкалоид“, Марта Наумовска-Грнарова од „Завар компани“, Елена Младеновска-Јеленовиќ од ТТК банка, Света Богова-Јовановска од модната агенција „Подиум“, Снежана Јовановска од „БОИкулт“, Елита З.Маша од „Инфинитс МГ и Вилсон Скул“, Ана Мијакова-Мурџева, директор на свињарска фарма „Агриа“, Љупка Наумовска од „Ханибиз“ - Скопје и Ана Линдвал-Олсон.

Таа е Македонка која живее во Шведска, а се занимава со издавачка дејност и фотографија. Интересна е приказната за нашата Швеѓанка која била посвоена од шведско семејство, по семејната трагедија кога нејзините родители ја изгубиле битката со ракот. Борбата со канцерот ја преточува во роман и сама го издава. Тој е еден од најчитаните во Шведска, а се вика „Канцеровиот рингишпил“.

На доделувањето на наградите разговаравме со Елена Младеновска- Јеленовиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи во ТТК банка. На оваа позицијата работи веќе 4 години, а вели дека работата е креативна и аналитична. „Верувам дека успешен лидер на тим е оној кој успева да ги оцени соработниците, нивните потреби, карактеристики, да биде човек од доверба. Иако, понекогаш резултатите не се видливи веднаш бидејќи вложувањето во маркетингот е инвестиција, па за да се обезбеди долгорочен ефект потребна е истрајност и упорност. Задоволство е што поради квалитетот од сработеното во изминативе години ТТК банка, иако со мал буџет, бележи најголем пораст во банкарскиот сектор во категориите свесност за банката и рекламите на банката“, вели Младеновска-Јеленовиќ, која постојано го усовршува своето образование. Дипломирала како математичар, магистер е по маркетинг менаџмент на Универзитет за мир и развој на Обединети нации, а моментално е докторант на истиот универзитет.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik